Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси призна дека до крајот на кариерата би сакал повторно да соработува со Пеп Гвардиола.
Гвардиола го предводеше каталонскиот тим во периодот од 2008-ма до 2012-та година и со Барселона освои се што можеше да се освои, па според Меси, би било одлично соработката да биде обновена.
-Би сакал повторно да соработувам со Гвардиола. Би било одлично кога би се вратил во Барселона еден ден, но не знам колку е реално тоа. Мене ми се чини дека тоа е прилично комплицирано- изјави Меси и додаде:
-Тој е дефинитивно еден од најдобрите тренери на светот и тоа е причината поради која би сакал да се врати. Беше незаборавно искуство да се соработува со него-изјави Меси.