Сол Бамба со својот Кардиф се пласираше во Премиер лигата, а неговата сопруга веднаш стана ѕвезда на англиските медиуми. Со своите коментари, а со фотографиите ги воодушеви фановите.
Ух, сега сум сопруга на играч од Премиер лига, зар ќе мора да се шминкам за да одам на пазарење, се прашува сопругата на дефанзивецот на Кардиф, Сол Бамба, Клои, откако нејзиниот сакан со Кардиф обезбеди пласман во Премиер лигата.
FML. Now I’m a premiership WAG does it mean I’ll have to put make up on to go to Tesco?
— Chloë Bamba (@ch10jo) May 7, 2018
Се пошегува дека англиските медиуми ја нарекува „гламурозната Клои“ и ги воодушеви сите кои ја следат на социјалните мрежи. А оние кои досега не ја следеле, откако нејзините фотографии излегоа во медиумите брзо го посетија Инстаграм профилот на девојката. И не зажалија затоа што Клои пред се е духовита и забавна, а не се на одмет ниту нејзините разголени фотографии, с о кои ги чести следачите на Инстаграм.
Е тоа е правата сопруга на фудбалер на Кардиф, скромна, напиша еден од обожавателите на нејзината објава на Твитер.
А господинот Бамба е одличен стопер, член на тимот на сезоната во Чемпионшип и еден од столбовите на одбрана на Кардиф, човек кој покрај Клои, има време да размислува и за фудбалот.
-Уживаме, го славиме пласманот во Премиер лигата, едвај чекам да почне следната сезона. Но засега сакаме да уживаме, кажа Сол, а вие уште малку уживајте во фотографиите од неговата девојка, за која оваа година зборуваат како во Кардиф така и низ цела Англија.