Спорт 20. ноември 2018. / 23:17

Македонија против Косово во полуфиналето од Лигата на Нации

Македонската фудбалска репрезенација го доби противникот во полуфиналето од групата Д во Лигата на Нации. Тоа ќе биде нашиот сосед, селекцијата на Косово, а единствениот меч за пласман во финалето од ова натпреварување ќе биде одигран на домашен терен во март 2020 година.

Ова е познато по денешниот исход во кој Косово успеа да ја совлада селекцијата на Азербејџан како домаќин, и со тоа да го завземе третото место на најдобрите првопласирани репрезентации од групите „Д“.

Но, до тогаш и Македонија и Косово ќе играат најпрво квалификации за пласман на ЕП. Доколку не успеат да изборат пласман преку квалификациската кампања, тогаш шансата е преку Лигата на Нации победникот од овој дуел во финалето ќе брка пласман на ЕП 2020 година кое ќе се одржи во повеќе европски градови.

Македонија за прв пат во историјата ќе игра против Косово, која со официјални натпревари стартуваше на минатите квалификации за пласман на Мундијалот во Русија.