Спорт 13. октомври 2018. / 20:46

Македонија без неколкумина стандардни играчи го почнува дуелот со Лихтенштајн

Македонија без неколкумина стандардни играчи го почнува дуелот со Лихтенштајн

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски го објави почетниот состав што вечерва ќе истрча на натпреварот со Лихтенштајн.

Во првите 11 за „црвено-жолтите“ се: Столе Димитриевски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Ферхан Хасани, Енис Барди, Елиф Елмас, Езџан Алиоски, Александар Трајковски, Горан Пандев и Илија Несторовски.

Ангеловски се одлучи да ги поштеди Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Бобан Николов и Мите Цикарски кои го пропуштија вчерашниот тренинг поради стомачен вирус.

Натпреварот од Групата-4 Дивизија Д од Лигата на нации меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра вечерва од 20:45 часот на „Филип Втори“ во Скопје.