Спорт 24. јули 2018. / 10:14

Лука Модриќ е новата светска фудбалска ѕвезда

Лука Модриќ е новата светска фудбалска ѕвезда

Според шпанскиот весник „АС“, Модриќ е фудбалерот чии дресови се продаваат најмногу, по заминувањето на Роналдо.

Во отсуство на Португалецот, изгледа доаѓа моментот за нова ѕвезда – Лука Модриќ. Голема улога за тоа одигра и Светското во Русија, каде што 32-годишниот играч беше избран за најдобар играч на турнирот.

Освен Модриќ, фановите ги преферираат и дресовите со имињата на Иско, Асенсио и Герет Бејл.

Продажбата на дресови со името на Карим Бензема одела послабо.