Спорт 29. мај 2018. / 17:25

Ливерпул купи засилување од 50 милиони евра

Ливерпул купи засилување од 50 милиони евра

Ливерпул официјално се договори со првото големо засилување за новата сезона, од следната сезона на Енфилд ќе го гледаме Бразилецот, Фабињо кој за 50 милиони евра премина од редовите на Монако во редовите на Ливерпул.

„Потпишавме со фантастичен играч, а воедно станува збор за личност која е еднакво квалитетна и надвор од теренот. Тој може да игра на неколку позиции. Тактички е спремен. Мислам дека тоа ќе го подобри нашиот тим, и не можете да го кажете тоа за многу играчи. Ми се допаѓа тоа што е млад, а исто времено и многу искусен играч“, изјави Клоп.