Спорт 23. декември 2020. / 16:02

Леброн: Повредата на глуждот нема да ме спречи да играм во петок

Леброн: Повредата на глуждот нема да ме спречи да играм во петок

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, изјави дека е во план да настапи на Божиќ и покрај повредата заработена ноќеска на дуелот со Лос Анџелес клиперс.

Лејкерс на католички Божик, в петок ќе се сретне со Далас маверикс.

– Јас силно го повредив скочниот зглоб, но мислам дека тоа нема да ме спречи да играм в петок. Имам неколку дена да се подготвам. Ќе правам третмани деноноќно и мислам дека ќе бидам подготвен да настапам против Далас, соопшти Леброн Џејмс.

Тој беше стрелец на 22 поена и додаде по пет скокови и асистенции во поразот од Клиперс со 116:109.