Културата си е култура, свест си е свест. Кај Јапонците важи во сите сфери, а дека е така стигна потврда попладнево од Саранск по премиерниот настап на нивната репрезентација на Светското првенство во Русија.
„Самураите“ ја совладаа Колумбија со 2:1, но навивачите, и покрај еуфоријата, не заборавија да ја остават трибината на „Мордовија арена“ каква што ја најдоа – чиста.
По завршување на средбата почнаа „акција“ за чистење на ѓубрето што го направија по што го напуштија стадионот.