Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ, вчера, официјално доби израелско државјанство и планира да се пресели во Тел Авив, пренесува Ројтерс.
Британската виза на еден од најбогатите луѓе истече минатиот месец, а процедурата за продолжување траела подолго од вообичаеното.
Абрамович е чест посетител на Израел и има филантропски однос кон таа земја, како и кон еврејската заедница во Русија. Тој е добитник на специјална награда на Федерацијата на еврејски заедници на Русија поради што во последните 20 години донирал над 500 милиони долари за потребите на Евреите во Израел и во Русија.