Директорот на телевизија Телма, Атанас Кировски, на својот Фејсбук профил, објави дека Телма преговара за да ги добие ексклузивните права за пренос на Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во Германија.
– Повеќе он-лајн медиуми изминатиов период објавуваат информација дека ниту една македонска национална телевизија нема да врши пренос од Светското првенство во ракомет во Германија. Тоа не е точно. Ние сме во завршни преговори за да ги откупиме правата и речиси сум убеден дека до крајот на неделава и официјално ќе известиме дека ТВ Телма ќе ги има ексклузивните права за Светското првенство во ракомет. – напиша Кировски.