Спорт 27. август 2018. / 17:17

Јувентус ќе започне со изградба на нов стадион

Јувентус ќе започне со изградба на нов стадион

Јувентус е единствениот клуб во Серија А кој игра на соствен стадион откако во 2011 година ја отвори Алијанц арената со капацитет од 46 илјади места.

Раководството на Јувентус има намера да започна со изградба на нов стадион, пренесуваат медиумите во Италија.

Тој ќе биде наменет за другите екипи како Б-тимот, женскиот клуб и младинските екипи кога треба да играат важни натпревари.