Спорт

„Јане Сандански“ е распродаден: На потег се вардарци, пехарот мора да остане во Скопје

„Јане Сандански“ е распродаден: На потег се вардарци, пехарот мора да остане во Скопје

Завршницата во СЕХА-лига ќе се игра пред полни трибини, билетите за полуфиналето и финалето речиси се распродадени.

Откако во 2013 година не успеаја да го подигнат пехарот во СЕХА-лигата и покрај тоа што играа во Скопје, ракометарите на Вардар тоа ќе можат да го сторат викендов. „Црвено-црните“ ги имаат сите услови за да ја одбранат титулата и по Веспрем да станат вториот тим на кого му успеало тоа. Очекувано, билетите за полуфиналето (останаа 700 билети) и финалето (остнаа 600) речиси се распродадени.

Стратегот Раул Гонзалез и неговите момци денеска (17:45 часот) силите ќе ги одмерат со Мешков Брест, единствената екипа која оваа сезона успеа да му земе бод на шампионот. Сепак како што најавија вардарци играат на домашен терен и тука се непобедливи, оваа сезона немаат пораз во ниту едно од двете натпреварувања.

Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат ППД Загреб и Целје, финалето се игра во недела со почеток во 20:15 часот.