Младиот македонски тенисер Калин Ивановски отвори ново поглавје во историјата на македонскиот тенис со неговиот пласман на третото место на Европското првенство за тенисери до 14 години.
Ивановски дојде до полуфиналето, каде загуби од четвртиот носител Мили Пољичак, со 0-2 во сетови (1-6, 1-6).
Претходно, Македонецот ги победи Михаил Гороков кој важи за најдобар во Европа во конкуренција до 14 години (6-1, 6-3), Бранко Ѓуриќ (19 во Европа, 6-4, 6-4) и Лука Ван Аше (трети во Европа, 5-7, 6-0, 7-5).
Ова е најдобар пласман на еден македонски тенисер во историјата на овој турнир.