Спорт 19. септември 2018. / 17:30

Инцидент на тениски натпревар: Судијата суспендиран – еве зошто

Инцидент на тениски натпревар: Судијата суспендиран – еве зошто

АТП го суспендира тенискиот судија Мохамед Лајани, бидејќи го прекршил правилото за непристрасност, што значи дека нема да може да суди на следните два турнира.

Лајани на натпреварот меѓу Ник Кирјос и Пјер Иго Ербер на Ју-Ес опен слезе од судиското столче и разговараше со австралискиот тенисер.

Кирјос имаше пад во играта и делуваше незаинтересирано, а судијата му даде неколку совети и почна да го бодри.

– Сакам да ти помогнам. Ова не си ти и јас го знам тоа. Ти играш одличен тенис, наведе тогаш Лајани.

Поради овој инцидент тој нема да може да суди на турнирот од серијата 500 во Пекинг и на мастерсот во Шангај.

Кирјос победи на натпреварот против Ербер, а скандалозното однесување на судијата предизвика бура од реакции во јавноста.