Голема победа на Хрватска врз Аргентина, на Мундијалот во Русија.
Во второто коло, Хрватска ја совлада Аргентина со 3:0.
Првиот гол го постигна Анте Ребиќ во 53. минута, па во 80. минута легендарниот Лука Модриќ го заниша голот на Аргентинците, а финишира Иван Ракитиќ со третиот гол во продолжението.