Спорт 23. септември 2018. / 22:37

Хаос на натпреварот Партизан-Црвена ѕвезда: Демолирана судиската соблекувална

Хаос на натпреварот Партизан-Црвена ѕвезда: Демолирана судиската соблекувална

Судиската соблекувална на стадионот на Хумска, е домолирана после реми фудбалскиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена ѕвезда (1:1).

Просторијата за судиите е оштетена откако Данило Грујиќ, со асистенција на помошниокот Ненад Ѓокиќ, одлучил да го признае голот на Ричмонд Боачи, односно да процени дека топката ја премина линијата, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата веднаш започнала да врши увид на местото.

Партизан водеше со голот на Рикардо Гомез во 33. минута, пред Боачи да изедначи во 73. минута.