Спорт

Голманот на Црвена Ѕвезда заврши во болница

Голманот на Црвена Ѕвезда заврши во болница

Голманот на Црвена Ѕвезда, Милан Борјан, заработи веројатно тешка повреда за време на вечерашниот меч против тимот на Спартак во Суботица.

Борјан во 55. минута по една интервенција во казнениот простор падна незгодно. Веднаш се крена на нозе, но во истиот момент повторно се струполи што беше сигнал веднаш да влезе медицинскиот тим на „црвено-белите“ во теренот.

Чуварот на мрежата на српскиот првак на носилки и притоа со мобилизиран врат беше изнесен и ставен во амбулантно возило и транспортиран до најблиската болница.