Спорт 09. септември 2018. / 15:06

Голема тага: Хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

Голема тага: Хрватски кикбоксер почина на турнир во БиХ

Млад хрватски кикбоксер почина за време на турнир во Босна и Херцеговина.

Станува збор за 16-годишно момче од Славонски Брод, кое на натпреварот добило силен удар под ребрата. Toј иако паднал, сепак ја продолжил борбата.

На излегување во ходникот од салата му се слошило и по укажаната прва помош веднаш бил префрлен во болница.

И покрај обидите за реанимација момчето им подлегнало на повредите.