Спорт

Голема победа: Ноле го освои Вимбледон по четврти пат

Голема победа: Ноле го освои Вимбледон по четврти пат

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ победи по четврти пат го освои Грен слемот Вимблдон, откако попладнево во финалето го совлада Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6:2, 6:2, 7:6 (7: 3).

До шестата победа во седмиот меѓусебен дуел Ѓоковиќ дојде со импресивна игра, особено во првите два сета, така што тој имаше мали проблеми само во финишот на третиот сет.

За Србинот ова беше 13. титула на Гренд слем турнирите и вкупно 69 во кариерата.

Наградниот фонд на Вимблдон изнесува 34 милиони фунти.

МИА