Спорт 26. јули 2018. / 22:07

Ѓорческа елиминира во четвртфиналето на турнирот во Баја

Ѓорческа елиминира во четвртфиналето на турнирот во Баја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Баја, Унгарија.

Таа во четвртфиналниот натпревар беше совладана од унгарската тенисерка Река-Луца Јани со 2:1 во сетови.

Иако Ѓорческа го освои првиот сет со 6:3, останатите два со 3:6 и 2:6 и припаднаа на домашната тенисерка.

Турнирот се игра на земјена површина за награден фонд од 25.000 американски долари.