Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 300. недела на лидерската позиција на АТП ранг-листата.
Ѓоковиќ е вториот тенисер во историјата со вакво достигнување, пред него ваков подвиг има направено само Рожер Федерер кој титулата најдобар тенисер на светот ја имаше 310 недели.
Ѓоковиќ е на добар пат да го собори рекордот на Федерер и тоа може да се случи на 8 март идната година.
– Тоа е еден од двете најголеми цели. Сакам да го престигнам Рожер по бројот на недели поминати на првото место на АТП ранг листата и сакам да освојам што повеќе грен слем титули. Зборував за ова и во минатото, моментно се наоѓам во добра позиција и се надевам дека ќе останам здрав како и да продолжам со добрите игри, вели Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ исто така по шести пат ќе ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата со што се израмни со рекордот на Пит Сампрас кој пак шест години едноподруго беше најдобр тенисер на светот.
Србинот моментно има 2.180 бодови повеќе од Рафаел Надал кој е втор на АТП ранг листата, а новата сезона ќе ја започне со настапите на АТП Купот.