Германскиот голман Силвио Хајнветер, кој беше на голот на Германија во натпреварот против Словенија на Европското првенство (ЕП) во Загреб, сега на Ол-Стар натпреварот во Бундеслигата потсети на скандалот со судиите и Веселин Вујовиќ.
Да потсетиме, словенскиот селектор полуде на крајот на натпреварот во првото коло на ЕП во загребска Арена откако судиите по завршување на натпреварот досудија пенал од кој Германците изборија бод (25-25). Германците се жалеа дека Словенците биле во кругот на центарот и им пречеле. По скоро десет минути прегледување на снимката, судиите го исклучија Благотиншек и досудија пенал.
Во тој момент Вујовиќ излезе на паркетот и застана на голот како тој да го брани пенало, а по мечот и се „нафрли“ н ЕХФ. И додека на Словенците тоа им е голема траума од ЕП, на Германците очигледно им било многу забавно.
Па така Хајнветер во еден момент ги повика маскотите да бранат пенал на противнички играч, а тоа може да се види на 1:34:30.
Откако беше постигнат гол, Хајнветер ги замоли судиите да го проверат голот со видеотенологија, баш како што бараше и во последните секунди од натпреварот против Словенија.
<iframe width=”600″ height=”400″ src=”https://www.youtube.com/embed/07N6YiGlQVs” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>