Фудбалскиот клуб Карабах се наоѓа пред исфрлање од натпреварувањето Лига Европа, откако портпаролот на клубот упатил пораки за убиство на Ерменци.
УЕФА го суспендираше портпаролот на азербејџански Карабах, Нурлан Ибрахимов бидејќи објавувал навредливи коментари за Ерменија на социјалните мрежи. Ибрахимов се соочува со обвинение за расистичко и дискриминаторско однесување и кршење на основните правила на пристојното однесување, наведуваат од УЕФА.
Ибрахимов на својот Фејсбук профил напиша:
– „Да се убијат сите Ерменци, жени, деца и старци“, коментирајќи ги воените судири во Нагорно Карабах, помеѓу Азербејџан и Ерменија.
Тој поради тоа нема да може да биде дел од тимот за натпреварот против Сиваспор во Лигата на Европа. Повеќе од 20 фудбалери и официјални лица на Карабах добија опомена поради военото поздравување на мечот од Лигата на Европа кој го играа во Полска.
Фудбалскиот сојуз на Ерменија побара од УЕФА тимот да биде исфрлен од Лигата на Европа поради коментарите на портаролот кој повикуваше на убиство на сите Ерменци.