Спорт

Фудбалери на Пелистер итно пренесени во болница – мечот со Шкупи одложен

Фудбалери на Пелистер итно пренесени во болница – мечот со Шкупи одложен

Фудбалери на Пелистер се затруја при заеднички ручек во Велес.

Мечот меѓу Шкупи и Пелистер кој требаше денеска да се одигра на „Чаир“ се одложи откако 15 члена на екипата на битолскиот клуб се затруја од храна.

При денешниот пат на пелистерци за Скопје дури 15 члена на екипата беа затруени при заедничкиот ручек во Велес и истите веднаш беа пренесени на болница, каде примија соодветна терапија.

По немилиот настан раководството на Пелистер ја извести Фудбалската федерација на Македонија, која откако ги доби потребните лекарски извештаи, преку своите официјални лица одлучи мечот против Шкупи да не започне и истиот дополнително ќе биде презакажен.