Спорт 03. декември 2018. / 17:32

Фудбалер на познат клуб e пронајден мртов

Фудбалер на познат клуб e пронајден мртов

Младиот фудбалер на Локомотив Москва, Алексеј Ломакин (18), пронајден е мртов, а деталите за трагедијата сè уште не се познати, соопштија од рускиот клуб.

-Ние сме шокирани од трагедијата, чии детали се испитуваат. Сочувство за неговото семејство и пријателите, се вели во соопштението на московскиот тим.

Русинот исчезнал во петокот, а неговата мајка го пријавила исчезнувањето во полиција. Тој се упатил кон тренинг- кампот на Локомотив, и оттогаш му се губи секаква трага. Ломакин бил на третман за повредата што ја добил во ноември.

Оваа сезона тој дебитираше за првиот тим, а со младинската екипа учествуваше и во Лигата на шампионите.