Најверните вардарови навивачи „Комитите“ му посакаа брзо закрепнување на својот член, кој пред неколку дена беше избоден во центарот на Скопје, па со парола „Издржи Златко, дете комитско“, навивачите во еден глас го скандираа неговото име.
Малолетниот вардаров навивач беше избоден на Рекорд, по што „Комити“ преку соопштение ги обвинија навивачите на Шкупи за нападот. Младиот Комита се наоѓа во болница, каде што итно му беше направена операција, откако се здобил со тешки повреди на стомакот.
Инаку денеска навивачите на Вардар парите од влезниците за овој дуел, најавија дека ќе ги дадат на семејството на повредениот член.