Спорт 30. ноември 2018. / 10:51

(ФОТО) Колинда влезе во албумот со сликички на ФИФА

(ФОТО) Колинда влезе во албумот со сликички на ФИФА

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ повторно најде начин да биде во центарот на вниманието и влезе во историјата на СП Русија 2018.

Имено Колинда влезе во албумот на ФИФА 365 и тоа на фотографијата на Лука Модриќ како добитник на Златната топка по блескавото СП годинава.

Иако кадарот зад Лука е заматен, сепак Колинда е во преден план и се гледа како буквално „влетува“ во кадарот.

Овој интересен детаљ веднаш стана хит во Хрватска и наиде на илјадници коментари на социјалните мрежи.

-Гаси интернет, влегла во албумот со сликички…, се само дел од коментарите.