Спорт 13. декември 2018. / 16:11

(ФОТО) Баерн Минхен се огласи откако Милер со кунг-фу удар повреди фудбалер

(ФОТО) Баерн Минхен се огласи откако Милер со кунг-фу удар повреди фудбалер

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер на натпреварот против Ајакс, кој заврши 3-3, направи невиден прекршок.

Милер во дуелот во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони со кунг-фу удар го погдои Николас Таљафико во глава, по што заработи директен црвен картон.

Германецот по мечот се извини за потегот по мечот, а сега се огласи и неговиот клуб преку социјалните мрежи.

– Сите знаеме дека немаше таква намера, Милер! Мило ни е што си во ред, Таљафико! –  напишаа Баварците на социјалните мрежи.