Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука да укине едно од настарите фудбалски правила, кое датира многу одамна и за кое не се запознаени сите фудбалски љубители.
Противничките фудбалери не можат во противничкиот казнен простор да ја пресечат топката при изведување на гол-аут, додека таа не излезе од рамките на 16-те метри.
Според новото правило, фудбалерите ќе смеат да влезат во шеснаесетникот и да го пресечат додавањето, штом голманот ќе ја допре топката.
Правилото веќе се тестира на Клупското светско првенство и ако даде задоволителни резултати, ќе добие целосна примена на натпреварите под закрилата на ФИФА и континенталните собири.