Спорт 21. мај 2018. / 15:15

ФФМ ги пушти во продажба билетите за куп финалето

ФФМ ги пушти во продажба билетите за куп финалето

Македонската фудбалска федерација денеска ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар Пелистер – Шкендија од Купот на Македонија.

Цената на еден билет е 100 денари, а ќе може да се набави преку официјалниот дистрибутер на Фудбалската федерација на Македонија, „MkTickets“.

– Карти за финалето од националниот куп кое ќе се одигра на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица може да се купат и на следните продажни места: ТА Ана Турс – Битола; Тобако Монако – Тетово; Кафе бар Концепт – Струмица, информираа од ФФМ.