Спорт 24. декември 2018. / 10:28

Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед!

Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед!

Смената на Жозе Мурињо прво донесе легендарно име на клубот на клупата на негово место, Оле Гунар Солскјер, потоа фантастична победа на гости кај Кардиф со 5-1, а утринава сето ова е зачинето со уште една „бомба“ – враќањето на Алек Фергусон на „Олд Трафорд“

Англискиот таблоид „Сан“ денеска ексклузивно објавува дека поранешниот менаџер на „ѓаволите“ и официјално ќе ја извршува функцијата советник на Солскјер до крајот на оваа сезона. Во текстот пишува дека Ферги целосно ќе му стои на располагање на Норвежанецот, како за совети и консултации за трансфер-пазарот така и за подготовка на средбите на техничко-тактички план.