Роџер Федерер, за многумина најголемиот тенисер на сите времиња по подолг период би можел да ја прекине соработката со „Најк“ и во иднина да добие нов спонзор.
Како што откриваат британските медиуми легендарниот 37- годишен шварцарски ас на маса има понуда од спортската компанија „Уникло“, која тежи неверојатни 300 милиони долари. Овие пари Федекс ќе ги добие во наредните десет години и тоа без разлика уште колкав период ќе биде присутен на тениските терени.
Договорот на Федерер со „Најк“, со кој заработуваше 12 милиони долари годишно, завршува ова лето, па затоа јапонската компанија навреме сака да го придобие најтрофејниот тенисер во историјата. Дури некои новинари тврдат дека Швајцарецот уште на претстојниот Вимблдон ќе настапи со опрема од „Уникло“.
Претходно, во тенискиот свет јапонската компанија беше спонзор на Новак Ѓоковиќ, кој во тоа време беше најдобар тенисер на светот.