УЕФА на својата официјална веб страница денеска ги објасни правилата на играње на натпреварите од Лигата на Европа во квалификациските рунди.
Вардар се пласираше во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, и таму ќе биде во групата на носители, и на ждрепката на 20. јуни во Нион, ќе се падне со некој од групата на неносители. Потоа доколку се пласира во следната рунда, во 2. квалификациско коло повторно е носител, а тоа значи дека и таму ќе биде тимовите кои се привилигирани. Можните противници на Вардар можете да ги видите на следниот ЛИНК.
При евентуален пласман во третото квалификациско коло покрај победниците од минатата рунда, се приклучуваат и екипите кои загубиле во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите, во т.н. нешампионската патека.
Потоа следува плеј-оф рундата каде што ќе се пласираат победниците од третото квалификациско коло од ЛЕ. Победниците од два натпревари, ќе играат во групната фаза од Лигата на Европа, каде што Вардар играше минатата сезона.
Еве како би изгледал патот на Вардар до плеј-офот во Лигата на Европа:
ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ЖДРЕПКА: 20 јуни
ДАТУМ НА НАТПРЕВАРИТЕ: 12 и 19 јули
ТИМОВИ: 94
ВЕЌЕ ПОЗНАТИ: 87
НЕПОЗНАТИ: 7 (победниците од прелиминарната група)
НАЧИН НА ИГРАЊЕ: 47 натпревари ќе се играат по системот дома-гости. Победниците се пласираат во второто квалификациско коло од ЛЕ. Поразените екипи испаѓаат од Европа
ВТОРО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ЖДРЕПКА: 20 јуни
ДАТУМ НА НАТПРЕВАРИТЕ: 26 јули и 2 август
ТИМОВИ: 74
ВЕЌЕ ПОЗНАТИ: 27
НЕПОЗНАТИ: 47 (победниците од првото квалификациско коло)
НАЧИН НА ИГРАЊЕ: 37 меча ќе се играат по принципот дома – гости, севкупните победници се пласираат во третото квалификациско коло од ЛЕ. Поразните тимови завршуваат со настапите во Европа.
ТРЕТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ЖДРЕПКА: 23 јули
ДАТУМ НА НАТПРЕВАРИТЕ: 9 и 16 август
ТИМОВИ: 52
ВЕЌЕ ПОЗНАТИ: 13
НЕПОЗНАТИ: 39 (37 екипи победници од второто квалификациско коло, 2 екипи кои ќе бидат од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, нешампионска патека)
НАЧИН НА ИГРАЊЕ: 26 мечеви ќе се играат по принципот дома – гости, и победниците обезбедуваат место во плеј-офот. Поразените екипи испаѓаат од Европа
ПЛЕЈ-ОФ
ЖДРЕПКА: 6 август
ДАТУМ НА НАТПРЕВАРИТЕ: 23 и 30 август
ТИМОВИ: 26
ВЕЌЕ ПОЗНАТИ: 0
НЕПОЗНАТИ: 26 (победниците од третото квалификациско коло)
НАЧИН НА ИГРАЊЕ: Ќе се играат 13 натпревари по принципот дома – гости, победниците се пласираат во групната фаза од Лигата на Европа. Поразените тимови ги заршуваат настапите во Европа.
Постои и т.н. шампионска патека во Лигата на Европа, во која поразените тимови од квалификациските кола од Лигата на шампионите, ќе играат во квалификациите од Лигата на Европа, и тие се приклучуваат од 2. квалификациско коло.