Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е сериозно болен и претрпе сериозна операција во саботата.
Од клубот, вчера, потврдија дека Фергусон бил пренесен во болница, откако претрпел мозочен удар, а неговата операција поминала многу добро, но сеуште се наоѓа на интензивна нега, додека не закрепне целосно.