Полека се откриваат детали од инцидентот што се случи на почетокот од мечот во кошаркарскиот Куп на Македонија, во кој МЗТ Скопје го совлада Работнички.
Имено, на стартот од средбата по само неколку минути игра, кога во салата влегоа навивачите на Работнички, популарните „Сити Парк Бојс“, одеднаш стана мешаница кај нивниот дел од трибината и сите помислија дека тепачката е помеѓу нив и нивните ривали „Фемили Аеродром“. Но…
Скопските навивачи беа нападнати од кавадаречките ултраси наречени „Лозари“, поради тоа што „бојсите“ им го собрале едно од ударните знамиња, што во навивачкиот свет е огромно понижување. За срамот да биде поголем – некој од кавадаречките фанови при бегањето останал и без патиките. Социјалните мрежи вријат од сеир спрема „Лозари“, а кој ќе биде нивниот следен чекор, ќе видиме веројатно на првиот меч на нивниот Фени со Работнички.
sport1.mk