Спорт

Дани Алвеш го пропушта Мундијалот во Русија

Дани Алвеш го пропушта Мундијалот во Русија

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш ќе го пропушти Светското првенство во Русија поради повредата на коленото.

Иако според првичните проценки 35-годишниот фудбалер требаше да биде подготвен за Мундијалот, сепак, по новите прегледи утврдено е дека нема може да настапи во Русија.

Алвеш, кој е член на ПСЖ, се повреди во финалето на францускиот куп.

Тој има 107 настапи за Бразил, кој е во група со Србија, Костарика и Швајцарија.