Спорт

Црвена Звезда доби опомена пред исклучување од УЕФА!

Црвена Звезда доби опомена пред исклучување од УЕФА!

Белградска Црвена Звезда се најде во сериозен проблем откако добила последна опомена од Европската фудбалска унија (УЕФА) дека може да биде исклучена од Европа, поради прекржување на антидопинг регулативите.

Како што овјави „Вечерње Новости“, шампионот на Србија и актуелен учесник во Лигата на шампионите, не доставувала точни податоци за ненајавените тестирања на своите фудбалери од страна на антидопинг комисијата. Вообичаена пракса на контролите е ненајавено да упаднат на тренинзи на клубот за да ги тестираат фудбалерите, во битката против најголемото зло во спортот – допингот.

Инаку според регулативите, клубовите се должни редовно да доставуваат информации за својата точна локација и за активностите, за да може антидопинг комисијата да дојде за да тестира фудбалери. И таа пракса е еднаш неделно, кога клубот мора да пополни прашалник во кој точно се наведува каде фудбалерот во следната недела ќе биде.

Ц. Звезда сето ова неколкупати избегнала да го направи и да ги достави тие податоци, па сега се наоѓа на „пик“ на УЕФА, која со писмо ги опоменала дека е недозволив таквиот однос. Ако белграѓани продолжат по старо, следна мерка е парична казна, а последна – исклучување од Европа.

Инаку, според „Новости“ тројца фудбалери исто така се на тапет, од кои еден странец и двајца домашни играчи, кои пропуштиле редовни контроли и не давале изјави каде се наоѓаат. Па опомена стигнала и за нив во клубот. Оваа прва опомена не е страшна, но ако дојдат до трета, тоа автоматски ќе значи суспензија дека намерно се избегнува антидопингот.