Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, загина пред точно 25 години.
Петровиќ е роден во Шибеник 1964 година, а во неговиот краток живот ја испиша историјата на хрватската, југословенската и европската кошарка.
Тој бил роден победник, шампион, а пред да оди во училиште морал да даде барем 500 коша.
Дражен во 1993 година настрада во Германија, кога со автомобил се враќал од квалификациите за Европското првенство во Полска. Тој не сакал да се враќа со аивон, па одлучил со девојката Клара да патува со автомобил. За време на несреќата, Петровиќ се наоѓал на совозачкото седиште.
Дражен низ кариерата настапил за Шибеник, Чибон, Реал Мадрид во Европа, а во САД за Портланд Трејблејзерсе и Њу Џерси Нетсе.