Спорт 22. април 2018. / 19:04

Браво мајстори: Вардар го совлада Кил – продолжува походот за одбрана на европскиот трон

Браво мајстори: Вардар го совлада Кил – продолжува походот за одбрана на европскиот трон

Европскиот шампион Вардар си 29:28 славеше над Кил на гостувањето во Германија во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Со оваа победа, Вардар си ги отвори вратите за пласман на Ф4 во Келн, каде ќе се обиде да го одбрани европскиот трон.

Во еден возбудлив и неизвесен меч, Вардар иако во последните минути беше во постојана негатива од 1-2 гола, сепак по една грешка на Германците во последниот напад кои напаѓаа за победа без голман, Хорхе Македа го постигна победоносниот гол.

Реваншот се игра за седум дена во Скопје.