Спорт 09. декември 2018. / 19:13

Бобан Грнчаров жестоко распали кон Дарко Панчев

Бобан Грнчаров жестоко распали кон Дарко Панчев

Вицешампионот Вардар поминува низ тешки периоди во својата историја, а од раководството на клубот се надеваат дека Град Скопје ќе ги врати „црвено-црните“ на старите патеки, пренесува Фокус.

Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев во интервју за „Новости“, говореше за моменталната состојба во која наоѓа клубот.

-Се случуваат некои работи кои веројатно не се добри за Вардар, затоа што сите промени и сите исчекувања не носат добро. Но, што да се прави, ние сме тука, јас и Илија Најдоски сме подготвени за соработка. Секако, доколку новите луѓе од Град Скопје сметаат дека јас и тој, со нашето искуство, може да помогнеме на клубот. Секако дека ќе седнеме на маса и ќе се договориме, изјави Панчев.

На тоа се јави и поранешниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, кој жестоко распали кон Панчев.

-Лижачов уште не престанува пак сака да биде во клубот. Ајде Даре, спушти се доле можеш ти појако од ова. Од 3 пати што беше 3 пати го уништува клубот од незнаење и од неработење. Болен човек беше и остана, напиша Грнчаров на својот профил на Фејсбук.