Спорт

Бобан Бабунски ќе биде новиот тренер на Вардар

Бобан Бабунски ќе биде новиот тренер на Вардар

Бобан Бабунски ќе биде новиот тренер на македонскиот фудбалски шампион Вардар, откако најтрофејниот македонски клуб ќе ја раскине соработката со Чедомир Јаневски во текот на денот.

Поранешниот селектор на младинската репрезентација на Македонија летово пристигна во таборот на „црвено-црните“ и ја извршуваше функцијата директор на Академијата на Вардар.

Јаневски и Вардар треба да ја официјализираат разделбата во текот на денот, а раководството на клубот веднаш потоа треба да го назначи Бабунски за нов тренер. Тој исто како и Јаневски е поранешен фудбалер на „црвено-црните“, кој добро ја познава работата во клубот.