Спорт

Бабунски нов тренер на Вардар

Бабунски нов тренер на Вардар

Вардар и официјално го потврди Бобан Бабунски за нов шеф на стручниот штаб, двете страни потпишаа едногодишен договор.

Бабунски го водеше тимот и во финишот од сезоната кога замина Чеде Јаневски, но сега е потврден за нов тренер.

„Бобан Бабунски во иднина и официјално ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар. Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето на идната сезона 2018/2019“, стои во соопштението на Вардар.

Во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски, а како помошници остануваат и Александар Васоски и Саша Илиќ.