Еден од најактивните во составот на Англија беше 19-годишниот Трент Александер-Арнолд, петтиот англиски тинејџер во историјата на нивните Светски првенства (после Мајкл Овен, Арон Ленон, Рахим Стерлинг и Лук Шоу).
На синоќешниот меч против Белгија тој беше лидер во Англија по создадени шанси за гол (2), трет по прецизни додавања во финалната третина од теренот (12) и одговори на сите задачи.
Баба му на Трент е родена во Глазгов и во младоста се гледала со тогаш уште не титуларниот Сер, туку со едноставното момче Алекс Фергусон.
Најголемиот тренер на Јунајтед на сите времиња напишал во својата автобиографија дека тоа била негова прва сериозна врска. Заедно со баба му на Трент Арнолд биле пола година.