Фирмата од Делчево и донираше на Зоолошката градина Скопје електричен еко мини бус за прошетки во зимскиот период.
Директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на фирмата склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.
Новиот еко бус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.