Скопје 22. декември 2020. / 13:30

Жителите на Момин Поток и резиденцијата на МПЦ денеска без вода

Жителите на Момин Поток и резиденцијата на МПЦ денеска без вода

Без вода денеска ќе бидат корисниците од Момин Поток и резиденцијата на МПЦ.

ЈП „Водовод и канализација“–Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради скината цевка ф-400мм на улица „Скупи“ бб, во близина на Рибокомерц.

Корисниците ќе бидат без вода од 12 часот се до санирање на дефектот.