Скопје 01. ноември 2019. / 11:49

Жителите на Аеродром да даваат предлози каде да се садат нови дрва, повикува општината

Жителите на Аеродром да даваат предлози каде да се садат нови дрва, повикува општината

Општина Аеродром ќе прибира предлози од жителите на кои локации да бидат засадени дрвја во текот на ноември.

За таа цел општината објави прашалник каде може да се даваат предлог-локациите до 10 ноември годинава. Предлозите да се однесуваат на локации покрај улици,  јавни зелени површини и места каде што досега не биле насадени дрвја или биле исечени, соопштуваат од општината.

Предлозите ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација.

Од Општина Аеродром додаваат дека за есенското садење дрвја имаат обезбедено околу 3.000 различни видови зимзелени и листопадни садници и дека во изминатата година на територијата на Општината биле засадени над 2.000 високостеблести дрвја.