Скопје 09. јануари 2021. / 20:21

Затворена модуларната болница на Инфективна клиника

Затворена модуларната болница на Инфективна клиника

Модуларната болница која беше дел од Клиниката за инфективни болести и која функционира од октомври годинава, веќе стави клуч на врата.

Информацијата ја потврди и министерот Венко Филипче, кој рече дека одлуката за затворање на болницата е днесена поради тоа што немало пациенти, велат од Фактор.

Со затворањето на оваа болница која имаше капацитет од 70 кревети, сепак се зголемил притисокот за хоспитализации во другите клиники, а особено во ГОБ 8 септември. Не се знае како ова ќе се одрази на останатите ковид центри.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766, а според Министерството за здравство има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во меѓувреме во повеќе градови во државата се работи на отворање на нови 17 модуларни болници. Не се знае зошто се брзаше со затворање на скопската.