Скопје 20. јули 2020. / 10:26

За седум дена во Центар казнети 100 непрописно паркирани возила

За седум дена во Центар казнети 100 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирале 100 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 13 до 19 јули, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 46 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 54 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците – се наведува во соопштение од ЈП ПОЦ.