Скопје 10. март 2020. / 11:09

За „Иднина без пластика“: Засадени дрвца во ОУ „Димитар Миладинов“

За „Иднина без пластика“: Засадени дрвца во ОУ „Димитар Миладинов“

Во дворот на основното училиште „Димитар Миладинов“ беа засадени дрвца со што и официјално e одбележан почетокот на проектот „Иднина без пластика“ што го финансира Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамки на Бугарската оперативна програма за развој.

Благодарение на Програмата за развој во 2018 година е обновена фасадата на училиштето и тоа сега има енергетски ефикасна фасада. И денес продолжуваме со важен проект со идеја да ги воспитуваме децата за тоа дека се зависи во какви околности живееме. Најважно е да ги опфатиме најмалите – изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

 

Таа со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и министерот за животна средина на Македонија, Насер Нуредини присуствуваше на настанот и заедно со децата од ова училиште ги засадија садниците.

Во рамки на проектот планирано е да бидат засадени над 200 садници и да се одржат презентации во пет училишта со цел поголем број деца да се едуцираат за заштита на животната средина.