Скопје

За 100 денари и миленичето и сопственикот задоволни – скопски шетачи на кучиња

За 100 денари и миленичето и сопственикот задоволни – скопски шетачи на кучиња

Брзиот начин на живеење се помалку им дава можност на сопствениците да уживаат со своите миленичиња. Особено проблематични се периодите со летните и зимските одмори, кога кучињата, на пример, мораат да останат дома.

Имајќи ја превид таквата експанзија, неколкумина млади луѓе од главниот град се досетиле да направат интересен бизнис – шетачите на кучиња. Некои од нив велат дека тоа го прават рекреативно, но и за мала заработувачка. Поголем дел од нив се студенти и средношколци и тоа го прават затоа што ги сакаат животните.

– Цената за еден час прошетка се движи од 100 до 150 денари, во зависност од кучето. Пред да го шетам кучето, прво се запознавам со него, како и со сопствениците, зашто е многу важна довербата, вели студентка која повремено им помага на сопствениците во грижата на своите миленици.

Уште од пред неколку години во Скопје, а и низ Македонија, се отворија неколку хотели за кучиња и миленици во кои се сместуваат животните во такви случаи. Цените се различни, ап на примиер за папагалче, желка, цената се движи во просек од 30 денари за ден, за зајаче, морско прасе и среден папагал околу 60 денари, за мачки 200-300 денари, а за кучиња од 300 денари нагоре.

Милениците се под 24-часовен ветеринарен надзор и се следи секоја промена на нивната здравствена состојба. Ова услуга не можат да ја дадат оние кои приватно чуваат миленици.